Кинези во посета на индустриските зони во Бунарџик

 

Во организација на групацијата М6, 20-члена делегација од провинцијата Sichuan Народна Република Кина оствари работна посета на Технолошко-индустрискате развојни зони Скопје 1 и 2.

Делегацијата, како што соопшти прес-службата на ТИРЗ, ја предводеше Yan Tongming, претседател на бордот на Chengdu Tanghu Innestment Holdings и претседател на Business School Alumi Association of Sichuan University, која обединува над 58.000 бизнисмени од провинцијата. Во делегацијата имаше претставници секторите за недвижности, градежништво, образование, инвестициски фондови, машинската, винската, дрвната и други индустрии.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, како што е наведено во соопштението, пред присутните ги претставил бизнис климата и можностите за инвестирање во Република Македонија, со посебен акцент на инвестициите во недвижностите, туристичките развојни зони, индустријата, рударството и слободните економски зони при што претстави повеќе конкретни проекти.

Членовите на делегацијата имаа прилика директно да се запознаат со тековните активности и процедурите на функционирање на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони како и со компаниите кои оперираат во слободните економски зони Скопје 1 и 2

најчитано сега