Трагедија: Се уби војник кај Краљево

Министерството за одбрана на Србија денеска соопшти дека професионалниот војник Жељко Лангур настрада при извршување на својата должност во складиштето на Централната логистичка база во близина на Краљево. Како што е наведено, Лангура настрада вчера околу 17,55 часот. Според првичните информации станува збор за самоубиство. Органите на Воената полиција извршиле увид, а на лице место излегле и обвинителот на Краљево Милош Зениќ и дежурниот судија Весна Радомировиќ. Дваесет и седум годишниот Разводник е роден во Прибој, а во војската на Србија работел од 2 август 2010 година.

 

 

најчитано сега