ТРАГЕДИЈА: Прилепчанец загина во пожар во семејната куќа

 

Вчера 13,00 часот во село Ерековци-Прилеп, во куќата сопственост на 76- годишен Д.Н, од засега непознати причини настанал пожар.

Од страна на месното население и екипа пожарникари-Прилеп пожарот е изгаснат и пронајдено е мртвото тело на Д.Н.

Смртта ја констатирал лекар од ИМП.

Увид на лице место извршила екипа од  полициската станица - Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција

 

 

 

04.06.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега