Струмичанец им разменил евра а потоа видел дека се фасификат
Вчера во 12,00 часот во Струмица, 62- годишниот Х.Х од Струмица, пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот на булевар „Маршал Тито“ во Струмица до него застанало моторно возило „Југо Корал“ со струмички регистарски ознаки во кое имало две лица и едно од нив побарало да му размени 150 евра (3 х 50), за што им дал 9.200 денари, по што истите заминале.
Откако ги проверил банкнотите забележал дека се фалсификувани, односно биле со ист сериски број, по што го пријавил настанот.
Со Потврда за привремено одземени предмети од Х.Х. се одземени банкнотите. Од страна на полициски службеници лишен од слобода е Б.И. од Струмица , кој го управувал наведеното ПМВ, а со наредба на јавен обвинител извршен бил претрес во неговиот дом, при што пронајдено било едно плико адресирано до него, испратено од Германија во кое имало 9 (девет) банкноти во апоени од по 50 евра со ист сериски број како на пријавителот Х.Х.
Наведените банкноти на Б.И. му пристигнале по пошта вчера.
Банкнотите се одземени со потврда и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа