Тешка сообраќајка во Свети Николе- момче се бори за живот на скопските клиники
Вчера околу 16 часот 30 минути во Свети Николе, на крстосницата на улица,11-та Македонска Бригада“ и улица,,29-ти Ноември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило ,,Мерцедес“ управувано од Д.Б.(35) од Свети Николе и мотоцикл ,,Кавасаки“ без регистарска табличка управуван од К.Л.(19) од Свети Николе.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Б. кој со возило на ИМП е пренесен во клиничкиот центар -Штип за укажување на лекарска помош, а потоа во Клиничкиот центар-Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.
Увид на лице место извршила екипа од полициската станица- Свети Николе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа