Тешка сообраќајна несреќа во Скопје- моторциклист се бори за живот

Вчера во 18 часот и 30 минути во Скопје на крстосницата од улицата „Никола Карев“ и улицата „Стале Попов“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(64) од Скопје и моторцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(29) од Скопје. 

По незгода возачот на моторциклот М.Ј. со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентниот центар-Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на рачни зглобови на двете раце) и по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување.

 

 

 

 

03.06.2017 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега