Украдени околу 18.000 евра од куќа во Рдовиш

 

Вкупно 16.800 евра и околу 100.000 денари се украдени вчера од куќа во Радовиш, соопшти полицијата.

Кражбата ја извршило засега непознато лице меѓу 16:30 до 17:00 часот во куќата на Љ.Б.(46) кој го пријавил случајот. 

Според Љ.Б., преку надворешните скали од катот на куќата крадецот влегол во купатилото кое не било заклучено, го пронашол клучот од влезната врата, влегол и без да изврши пребарување од фиока во кујната ги одзел парите и избегал.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

 

 

 

03.06.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега