После разводот од познатата пејачка станал бездомник

Поранешниот маж на пејачката Мел Би, Стивен Белафонте во едно неодамнешно интервју зборуваше за тоа како разводот финансиски го уништил.

Нивниот развод го привлече вниманието на јавноста откако пејачката јавно проговори за проблемите кои ги имале во бракот. Таа го обвини за насилство тврдејќи дека ја тепал, ја присилувал на групен секс и на нивната дадилка и направил дете.

Сега по првпат се огласи и Стивен која раскажа колку сето ова му го сменило животот

„Намерно ми ја отежнува продажбата на вилата во Лос Анџелес и поради тоа станав практично бездомник. Немам каде да живеам, спијам на кауч кај пријател“ – изјави Стивен.

Тој додаде и дека неговата сопруга одбила неколку понуди за продажба само за да му наштети.

„Живеевме многу удобно. Парите никогаш не беа проблем“ – изјави Белафонте.

Освен што, како што тврди, нема каде да спие, наводно им должи пари на адвокатите и банките кои го застапуваат во бракоразводната парница.

 

 

 

 

31.05.2017 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега