Се асфалтира патот Ресен-Царев Двор

Општина Ресен со финансиска поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта почна со асфалтирање на регионалниот пат Ресен – Царев Двор.

Градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски информира дека се работи за делница долга 1,7 километри, која била најоштетениот дел од патниот правец од Ресен до Царев Двор, односно од местото Стара Слога до излезот на патот кој води кон село Горно Дупени.

– Работите се одвиваат со забрзано темпо, за десетина дена делницата ќе биде целосно реконструирана и ќе биде во функција пред стратот на летната туристичка сезона, информира Стрезовски.

Градежните работи во вредност од седум милиони денари ги изведува јавното претпријатие „Македонија пат“.

 

 

 

31.05.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега