Јавниот обвинител бара Врховен да ги прибави доказите за „Монструм“ од СЈО

Поради неприсуство на двајца адвокати на оштетените за петкратното убиство кај Смилковското езеро денешната јавна седница на Врховниот суд на која требаше да се разгледуваат жалбите на доживотните казни затвор, беше одложена. 

Пред одложувањето јавниот обвинител од Јавното обвинителство на Република Македонија Лилјана Спасовска побара од судот и судијата известител да ја одложат јавната седница на подолго време и како нивна обврска од Законот за кривична постапка да ги прибават доказите и новите факти од Специјалното јавно обвинителство, за кој подолго време се зборува во јавноста, со цел целосно да се анализира предметот и да се утврди дали новите околности ќе влијаат на конечната пресуда. 

Претседавачот со кривичниот совет и претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски  рече дека јавното обвинителство неколку месеци го имало предметот и можело да ги побара доказите на кои се повикува од СЈО. Вангеловски го прифати укажувањето на јавниот обвинител, но не ја одложи јавната седница на подолго време и остана на веќе дадениот датум, деветти јуни.

 

 

 

30.05.2017 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега