Груевски: Театарот во Струмица и Турскиот театар наскоро ќе блеснат во ново руво

 По изградбата на Стариот скопски театар, уште две нови инвестиции на државата во театарската уметност  ќе почнат да се реализираат во следните два месеца - обнова на театарот во Струмица и изградба на Турскиот театар во Скопје, најави денеска премиерот Никола Груевски.

- Веќе очекуваме во септември, најдоцна почетокот на октовмри да започне реконструкцијата, но тоа е речиси изградба на нов театар во Струмица, на параметрите од стариот татар со оглед дека објектот до темел е изгорен и има многу малку остатоци. Избрана е веќе фирма-изведувач. Остануваат оние рокови за жалба така што се надеваме во рок од околу еден и пол до два месеца да почне градбата на театарот во Струмица. Исто така, во финиш сме на подготовките да започне и градбата на Турскиот театар во Скопје, рече премиерот Груевски по посетата на локалитетот Скупи, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде и дека Министерството за култура е во завшни подготовки за објавување конкурс за јавно приватно партнерство доколку, како што рече, се најде приватна компанија за јавно приватно партнерство со државата, за изградба на објекти за Драмскиот театар и за МНТ-Центар. 

ФОТО: МИА

18.08.2013 - 15:31

најчитано сега