Ристовски задоволен: За 7 месеци искористени 85 отсто од европските образовни програми

 

Средствата за имплементација на двете образовни програми со европски предзнак, „Доживотно учење“ и „Млади во акција“  со кои што располага Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност, во 2013 се зголемени за 18 отсто во однос на лани и на располагање има 1,77 милиони евра, информира денеска на прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

За програмата „Доживотно учење“ со четирите секторски програми, „Комениус“ за основно и средно образование, „Леонардо да Винчи“ за стручно образование и обука, „Еразмус“ за високо образование и „Грундтвиг“ за образование на возрасни наменети се 1, 27 милиони евра,  додека за „Млади во акција“ 504 илјади евра.

- Во однос на искористеноста, до овој момент донесени се 111 решенија за грант на крајни корисници во вкупен износ од 1,5 милиони евра од кој најголем дел, односно 89 се во рамки на програмата „Доживотно учење“ со 1,2 милони евра и 22 грантови во програмата „Леонардо да Винчи“.За програмата „Млади во акција“ донесени се 22 решенија со што искористени се 317.000 евра, изјави Ристовски.

Како што кажа, споредбено со лани кога биле искористени 87 проценти од расположивите средства, оваа година за седум месеци искористени се 85 отсто.

Тој посочи дека по завршување на процесот на акредитација на Агенцијата во текот на следната година ќе се обезбеди поголема достапност на средствата од фондовите на Европската унија и ќе се обезбедат повеќе можности за корисниците. 

ФОТО: vmro-dpmne.org.mk

18.08.2013 - 15:09

најчитано сега