Жичарата на Водно и „Skopje city tour" хит и за скопјани и за туристите

 

Жичницата ,,Милениумски Крст” во Скопје постигнува одлични резултати. За само две години, на жичницата се качиле околу 700.000 патници, истакнува директорот на јавното сообраќајно претпријатие Мишо Николов во интервју за skopjeinfo.mk.

-Она што особено ме прави среќен е што секој странски турист кој го посетува Скопје во неговата агенда најчесто е присутна и жичницата. Сите овие податоци и информации ги побиваат скептиците на проектот кои верувајте ги имаше во голем број пред да се реализира проектот, вели Николов.

 ЈСП Скопје на граѓаните им овозможи поедноставен транспорт до жичницата и воведе и автобуска линија „Милениумски Крст” од Транспортен Центар до Средно Водно. Оваа година, за прв пат се реализираше настанот “Прв до врв“ кој придонесе за поголема афирмација на жичарата/

Николов во интервјуто истакнува дека кај скопјани и туристите постои голем интерес и за туристичката линија „Skopje City Tour“.

-Тоа е навистина одлична можност да се запознае главниод град од една поинаква перспектива. Покрај од туристите има голем интерес и од нашите сограѓани - Скопјани кои сакаат да слушнат за Скопје многу историски податоци и легенди од туристичкиот водич. За оние со авантуристички дух има опција да одберат некоја од варијантите кои како предлог ги нудиме или да креираат своја сопствена тура за панорамско разгледување на градот, вели Николов во интервјуто за skopjeinfo.mk.

18.08.2013 - 14:12

најчитано сега