Груевски: Набрзина создадена влада за да ги задаволи апетитите на партиските челници

Станува збор за набрзина создаден состав на влада што треба да ги задоволи апетите на челните луѓе во партиите без воопшто да се гледа за нивната стручност, за нивното искуство во минатото, го оцени денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски составот на новата влада предложен од мандатарот Зоран Заев.

Многу од нив, како што рече, се со криминални и корупциски афери во своето досегашно работење.

- Така што не може да стане збор за реформска влада, напротив може може да стане збор за антиреформска влада ова што се предлага на шверцерски начин да се помине низ Парламентот, истакна Груевски одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи на новата зграда на Акционерско друштво за изградба и стопансисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

Смета дека во политиката ќе ја креираат, најважните чекори за Македонија ќе ги преземаат и  во владата ќе седат луѓе од СДСМ кои ги изгубиле изборите и не ја добиле поддршката од мнозинството граѓани.

Според него, се покажало и дека СДСМ нема сериозно да работи на реформи, оти, како што рече, најважните ресори во кои сметале дека тие треба да се направат, како што се правдата и здравството, им ги отстапиле на коалициските партнери, а одбегнале да назначат барем еден министер за привлекување странски инвестиции.

Истакна дека нема да има многу нови инвестиции во Македонија, бидејќи, како што рече, и оние кои ќе сакаат да инвестираат ќе немаат соговорници во идната влада. Смета дека во наредната година, година и пол, ќе има инвеститори кои, како што рече се изработени од оваа влада, коишто се веќе во длабока фаза ги имаат изработено своите планови, некои од нив имаат донесено или се пред донесување одлуки, подготвени локации, подготвено се што им е потребно проекти за градба на фабрики...

- Она што е жалосно е што нема да има многу нови затоа што новите ќе немаат соговорници како што имаа досега. Досега имаше многу соговорници и од сите страни на некој начин им беше приоѓано за да се разговара со нив со стратегија како да се привлечат. Сега во новата влада гледаме дека има десетина членови на влада коишто се без ресор меѓутоа ниту еден не е за привлекување странски инвестиции. Нема ниту еден член на дијаспората, рече Груевски.

Потсети дека во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ една третина од биле поканети луѓе дел од дијаспората. - Голем дел од нив беа на високи позиции во мултинационални компании со искуство од таму коишто го пренесоа во РМ особено при нивното привлекување инвестици и при градење на економските проекти, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

29.05.2017 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега