Нервозен кафанџија претепа полицаец среде Струмица

Вчера вечерта  околу 23.45 часот во објектот „Нова Стоковна куќа–АД-Струмица“ во Струмица, бил нападнат полицаец кој се обидувал да воведе ред.

Според МВР, полицаецот бил нападнат од Т.М. сопственик на кафана лоцирана во Стоковната куќа. Полицаецот заработил неколку тупаници во пределот на стомакот и бил навредуван со погрдни зборови. ТОј побарал лекарска помош.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

најчитано сега