Го смачкало дрвото кое самиот го исекол - маж се бори за живот на скопскиот Ургентен

47 годишниот З.Ј. од Македонска Каменица заработил тешки повреди откако дрво паднало врз него.

Според информациите од МВР, вчера наутрo околу 11 часот, З.Ј. сечел дрва на местото викано Сарафска. Во еден момент едно од дрвата паднало врз него.

Тој бил пренесен во штипската болница, но поради сериозноста на повредите е пренесен во скопскиот Ургентен центар.

18.08.2013 - 10:53

најчитано сега