Ставрески во обиколка на градилиштето во Реонски центар
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе го посети градилиштето на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во населбата Реонски центар во Општина Аеродром.
На градилиштето е во тек градба на станбен комплекс од седум згради. Најавено е присуство и на директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов.