Пошта: Сопругата на екс министерот на ВМРО-ДПМНЕ не е достапна за полицијата

Сопругата на екс министерот на ВМРО-ДПМНЕ и ќерката на поранешниот висок функционер на ДУИ, кои се осомничени во случајот Македонска Пошта не се достапни за полицијата. Тие не се меѓу лицата кои полицијата ги уапси утрово и кои заедно со уште осуммина ќе одговараат за грабежот од 26 јули кога поштата во Чаир беше олеснета за над 200.000 евра. Според информациите до кои дојде Press24 и на двете Истражниот суд им одредил мерка притвор во отсуство а МВР трага по нив. Истата мерка им е одредна уште на 5 лица.
Покрај нив, за грабежот ќе одговараат шефот на обезбедувањето на Пошта, двајца поштари и неколкумина задолжени за безбедноста на парите.
Несовесното работење го утврдила внатрешната ревизија на Поштата.

17.08.2013 - 22:38

најчитано сега