Груевски: И СДСМ и Македонија се заложници на Црвенковски

Извештајот на Комисијата за утврдување на настаните од 24 декември 2012 беше речиси готов и пред објавување, но се искомплицира со враќањето од одмор на Бранко Црвенковски, кој испорача нови барања. Тој е главниот виновник за блокадата, која може негативно да се одрази на претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, смета премиерот Никола Грруевски.

- Не ме изненадува неговиот гест зашто тој и во минатото создаваше кризи, проблем и застои со кои се обидуваше да направи штета од лични интереси, но останува да видиме дали СДСМ ќе успее да се извлече од неговите канџи во наредниот период. Практично, тие се негов заложник, иако имаат ново раководство. Сосема ни е јасно дека главниот проблем е кај тој човек и тој во позадина се уште ги влече сите конци во СДСМ. Дали тие ќе успеат во наредните денови да се отргнат од канџите на Црвенковски И да продолжиме таму каде што застанавме и за многу кратко време да го решиме проблемот или нема да успеат останува да видиме. Во оваа ситуација не е заложник само СДСМ, туку и Република Македонија, затоа што губиме многу време, енергија и поени надвор и соочени сме со можноста да ја загубиме и препораката од Европската унија оваа есен доколку комисијата не заврши со работа и не се објави извештајот, кој подоцна треба да се спроведе, изјави Груевски по посетата на општината Маврово-Ростуше.

Тој се надева дека опозициската партија ќе најде решение за својот внатрешен проблем кој, како што рече, е точно лоциран и кој скриено го потврдуваат и признаваат и самите членови на СДСМ. На тој начин, повтори премиерот, ќе бидат избегнати негативните последици со есенскиот извештај, од кој зависи европската перспектива на земјата. Ако наскоро не се надмине проблемот, ВМРО-ДПМНЕ ќе примени нова стратегија, рече Груевски, но засега не ја открива.

- Ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано се обидувавме нешто да направивме, ги баравме за да се придвижи, зашто извештајот е 99,9 отсто завршен и да не беше врќањето на Бранко Црвенковски, следуваа да се усогласат само ситни финеси и тој да се изгласа. Се уште се надевам дека во наредните денови ќе се најде решение, но веќе и нема многу време зашто истекуваат роковите И последиците подоцна доаѓаат. Како партија нема да останеме неми набљудувачИ на овие последици и доколку во наредните денови не се најде решение, ќе размислиме за нови чекори и нови стратегии кои ќе бидат сосема различно од она што е сега, рече Груевски во село Ростуше, каде што претходно отвори спортска сала.

17.08.2013 - 21:56
Фото: 
МИА

најчитано сега