ЕКСКЛУЗИВНО: Притвор за сопругата на поранешен министер на ВМРО-ДПМНЕ за случајот Пошта

Сопруга на поранешен министер на ВМРО-ДПМНЕ и ќерка на висок екс функционер на ДУИ заработија притвор за случајот со грабежот на поштата во Чаир од 26 јули годинава, ексклузивно дознава Press24 од извори во истрагата. Тие заедно со уште 8 лица според пријавата која им ја поднесе МВР ќе одговараат за несовесно работење во Македонски Пошти по грабежот во кој две лица однесоа 211.000 евра.
Сопругата на поранешен министер за транспорт и врски во Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ќерката на екс функционерот на ДУИ се уште се недостапни за полицијата па Истражниот суд, мерката притвор им ја одредил во отсуство. Покрај нив, за грабежот ќе одговараат шефот на обезбедувањето на Пошта, двајца поштари и неколкумина задолжени за безбедноста на парите.
Несовесното работење го утврдила внатрешната ревизија на Поштата.

17.08.2013 - 20:58

најчитано сега