Крвавиот Египет се поопасен - вчера убиени 173 лица

 

Најмалку 173 лица се убиени вчера во Египет, главно при жестоките судири меѓу приврзениците на соборениот претседател исламист Мухамед Морси и силите за безбедност, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство. Според досегашните информации, ранети биле 1.330 лица.

Во центарот на Каиро биле убиени 95 лица, а 596 биле ранети во цела престолнина.

Еден од синовите на лидерот на „Муслиманско братство“, Мухамед Бадија е меѓу вчера убиените, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на политичкото крило на исламистичкото движење - Партијата за слобода и правда.

Амар Бадија (38) бил застрелан додека учествувал во протестот на плоштадот „Рамзес“ во центарот на Каоро.

Самиот Мухамед Бадија е однесен во непознат правец. Против него на 25 август ќе  почне процесот по обвинение за поттикување кон насилство.

Претходно неделава во протест беше убиена ќерката на Мухамед ел Белтаги, еден од лидерите на „Муслиманско братство“.

Египетската полиција денеска продолжи со апсењата на високо позиционирани претставници на исламистичкото движење.

најчитано сега