Осуммина вработени во Македонски Пошти завршија зад решетки - кој е одговорен за големиот грабеж во Чаир?

Во полициска акција ноќеска биле уапсени осуммина вработени во Македонски пошти, кои се осомничени за несовесно работење во службата, објавува Канал 5. Утрово приведените лица биле изведени пред истражен судија и седуммина од нив заработиле притвор. Според информациите на Канал, МВР трага по уште двајца осомничени, кои во моментов не се достапни.

Како што објавува телевизијата, причината за апсењето е последниот грабеж на поштата во Чаир на 26. јули годинава, кога две лица ја олеснија касата за 211.000 евра и избегаа од местото со веспи.

Меѓу приведените се нашол и шефот на обезбедувањето на пошта, двајца поштари и неколкумина задолжени за безбедноста на парите.

Внатрешната ревизија која ја направила самата фирма, го утврдила несовесното рабтоење на осомничените лица, пренесува Канал 5.

Повеќе информации за акцијата, полицијата најавила за утрешниот ден.

 

најчитано сега