Босанец преживеа пекол во Манчестер: Мртви деца насекаде, а сопругата и детето не можев да ги најдам

Иза Самир Ахмиќ од Дервенте и неговото семејство со кое живее во Манчестер будно ја следеше драматична ноќ. Синоќа пред салата во која се случи терористичкиот напад, во кој беа убиени 22 лица.

Во разговор со N1 тој вели дека никогаш не се чувствувал полошо. Чекал сопругата Санела и ќерката Анита со која биле на концертот на Ариана Гранде во Манчестер арената

„Поминав и ја преживеав целата војна, со навивачи бев секаде, сешто се случуваше, но ова не може со ништо да се мери. Никогаш не ми било полошо“, изјави Ахмиќ, прераскажувајќи ја синоќешната драма која ја преживеа.

Вели дека ја избегнал гужвата по концертот, поради тоа што со сопругата и детето излегол порано.

„Се паркирав веднаш пред Арената, и преку телефон се зезав со пријател кога го слушнав огнометот. Тогаш пукна како граната. Истрчав од возилото, слушнав врисок, луѓето бегаа од арената. Во близина се наоѓаше железничка станица Викторија. Прашав дали пукна во метрото. Никој ништо не одговараше. Потрчав кон Арената, а луѓето бегаа. Прашав неколку маи дали експлодирало внатре, и ми потврдија. Се јавував до сопругата, а таа не беше достапна. Го помислив најлошото. Луѓето бегаа, децата лежеа крвави, јас ѕвонам а таа не се јавува. Трчав како мува без глава. Слушнав вресок на деца, па стигна полицијата. Постојано се обидував да ја добијам сопругата. Тогаш ги видов. Го земала детето и побегнала на другата страна, кон стадионот Манчестер Сити“, вели Ахмиќ за N1.

Како што вели сеуште е во состојба на шок, не можејќи да поверува што се случило.

 

Како што пренесуваат британските медиуми, во експлозијата која се случи синоќа околу 23:30 часот на концертот на пејачката, во „Манчестер арената“, загинаа 22 лица, а 59 се повредени. Меѓу загинатите има и деца.

 

 

 

24.05.2017 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега