Ова ќе ве изнервира: Бил во врска со 3 жени, а се оженил само со една - што мислите која

Оваа приказна покажува каква партнерка крај себе сака еден просечен маж.

Живеел еден човек кој сакал да се ожени со една од трите жени. Не можел да се одлучи за која, па сакал да ги тестира. На секоја и дал по 5.000 долари и и рекол да ги потроши за нешто што и треба.

Првата и потрошила на шминка, гардероба, маникир. Кога ја прашал зошто го купила тоа, таа рекла дека ужива во тоа и сака да биде убава за него. Бил задоволен од одговорот.

Другата напротив, нему му купила гардероба и подароци. Рекла дека тоа го направила бидејќи го сака. Повторно, тој бил задоволен од одговорот.

Третата не постапила како претходните. Ги вложила парите во работа и заработила многу повеќе. Рекла дека тоа го направила за себе и за саканата личност, за да им овозможи сигурна иднина.Мажот бил импресиониран.

Што мислите која ја земал за жена? - Таа што му била најзгодна и најубава. Ех, тие мажи... Типично.

 

 

 

23.05.2017 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега