Првата идентификувана жртва е 16 годишно девојче (ФОТО)

Шеснаесет годишната Георгина Каландер е првата идентификувана жртва во нападот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер.

Оваа тинејџерка непосредно пред концертот на својот идол, на својот Твитер профил напишала дека е многу среќна што ќе се види со Аријана Гранде, пренесуваат британските медиуми.

Нејзините пријатели сега и оставаат жални пораки на Твитер опишувајќи ја како прекрасна личност со најпрекрасно срце и душа.

-Вечно ќе ми недостигаш, одмори се на поубаво место од ова овде, е една од пораките.

 

 

 

 

23.05.2017 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега