„Најдете ми ја ќерката, нејзиниот телефон веќе не ѕвони“ - мајката на исчезнатото девојче преколнува за помош

По ужасната експлозија која се случила синоќа во Манчестер, очајната мајка преколнува за информации за нејзината ќерка Оливија Кампбел, која уште не се вратила по инцидентот на концертот на Аријана Гранде.

Нејзиниот телефон не ѕвони и никој не знае каде е девојчето. Во моментов полицијата ја регистрирала како исчезнато лице.

Оливија на концертот била со нејзината најдобра пријателка, која по експлозијата завршила во болница.

Нејзините роднини цело време апелираат на друштвените мрежи, дека доколку некој знае нешто во врска со девојчето, да се јави кај семејството.

 

 

 

23.05.2017 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега