Одбележување на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ денеска ќе одржи свечено одбележување по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители и патрониот празник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

По тој повод ќе се одржи и Првиот поетски студентски фестивал на кој ќе учествуваат студенти поети од други факултети од Скопје, Битола и Штип.

Во рамките на свеченоста е предвидена и промоција на литературниот алманах „На крилата на зборот“, прво студентско објавување на проза и поезија од сегашни и веќе дипломирани студенти на Педагошкиот факултет. 

 

 

 

23.05.2017 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега