На 17 години била силувана и одбила да абортира–Таа е мајка на позната музичка ѕвезда

Станува збор за Џастин Бибер, кој денес има 23 години и од тинејџерска ѕвезда пред очите на јавноста порасна во вистински професионалец.

Но, ова не би било така доколку неговата мајка Пери Малет на 17­ години не ја донела вистинската одлука и одбила да абортира. Пети пред бременоста била сексуално злоупотребена.

По силувањето таа чувствувала срам, се обвинувала себеси, се дрогирала, а поради сѐ што се случило, се обидела и да се самоубие. Истата тешка година останува и бремена, а додека сите ја охрабрувале да абортира, таа решила да го задржи детето, кое денес е Џастин Бибер.

Своето најлошо животно искуство, но и најпаметната одлука ги раскажува во книга која седум дена по објавувањето стана бестселер на „Њујорк тајмс“.

 

 

 

22.05.2017 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега