Албанскиот парламент ги изгласа техничките министри во кабинетот на Рама

 Албанскиот парламент на вонредната седница одржана вечерва, во рамки на политичкиот договор Рама-Баша, ги изгласа измените во Владата на премиерот Еди Рама.

На пленарната седница, на која и покрај договорот сепак не изостанаа репликите, најпрво беше изгласано разрешување на актуелните министри а потоа изгласани новите кои се од редовите на опозициската Демократска партија.

За нов вицепремиер е избрана Ледина Мандија, која доаѓа на местото на Нико Пелеши. Прв полицаец е Дритан Демирај, кој на оваа функција го заменува Фатмир Џафај, додека прв финансиер е Хелга Вукај на местото на Арбен Ахметај. Нов министер за правда е Газменд Барди на местото на Петрит Васили, за образование и спорт Мирела Карабино на местото на Линдита Никола, за здравство Арбен Беќири на местото на Огерта Манастирлиу и за труд и социјална благосостојба Џулјета Кртуша на местото на Олта Џацка.

Пратениците го изгласаа и договорт меѓу Рама и Баша за изборно рекламирање на партиите. Со него, без нивна согласност, приватните медиуми се обврзуваат на двете најголеми политички партии да им отстапат по 90 минути и по десет минути на помалите партии.

Опозициските пратеници во собраниската сала влегоа по повеќе од тримесечен бојкот.

 

 

 

22.05.2017 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега