Професор починал на прослава на матурската вечер

Професор по биологија во Средно мешано  училиште во Жепча Михад Цикотиќ починал на прославата на матурската вечер, каде со своите ученици го славеле завршувањето на училишната година.

Според изјавите на сведоците, на Цикотиќ му се слошило и паднал на подот. Професорот починал на пат до болница.

Како што пренесуваат босанските медиуми професорот не бил под дејство на алкохол но бил дијабетичар.

Матурантите била шокирани и ја прекинале матурската прослава.

Потсетуваме ученичката Николина Р. (17) од средно училиште во Чапљина исто така почина на матурската прослава. Несреќната девојка и порано имала проблеми со срцето, а пред неколку години починала нејзината мајка од последиците на срцев удар.

 

 

 

22.05.2017 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега