Србов: Целта на СЈО е со оцрнување да предизвика фракции во ВМРО-ДПМНЕ до растурање на партијата

Не е целта само да се испрати ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, што всушност и се случи со последниве неуставни настани во државава и во собранието, целта откако ќе се испрати во опозиција е целосно да се растури таа политичка партија, изјави во гостувањето во вестите на ТВ Нова политичкиот аналитичар Никола Србов.

„Тука гледаме прецизно избрани случаи кои посакуваа да се покрене некаква расправија внатре во политичката партија, со цел некако таа да се фрагментира, нешто што го гледавме во минатото“, вели Србов.

Тој додаде дека на цела јавност и е јасен планот на СЈО, односно раководството на ВМРО-ДПМНЕ со вакви конструирани случаи да се оквалификува како криминално, да се оцрни, со цел членството во некоја смисла да се побуни против раководството, што, според Србов, очигледно не им успева.

 

 

 

 

22.05.2017 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега