Сител:Скопјанец сексуално малтретирал девојка со ветување дека ќе ја вработи во приватна болниц

 

Скопјанка повеќе од една година трпела уцени и била принудувана на интимни односи мислејќи дека ќе добие работа. Пред четири дена решила да стави крај на сексуалното изживување и малтретирање и случајот го пријавила во МВР.

Скопската полиција поднела кривична пријава за уцена против 32 годишен жител на Скопје- известува Сител.

Се почнало во март 2016 година, кога скопјанката се запознала со пријавениот кој и понудил работа во приватна клиника. И ветил и дополнителна заработувачка како домаќинка кај службеник во амбасада. По неколку дена од средбата и кажал на фејсбук да прифати пријателство од човек кој треба да и помогне околу работниот ангажман. Таа почнала да се допишува со новиот пријател од социјалната мрежа кој прво и побарал компромитирачки фотографии. Откако ги добил почнал да ја уценува. Морала да има и сексулани односи со него а тој цело време снимал со мобилен телефон.

Во мај годинава и побарал 500 евра заканувајќи и се дека фотографиите и видеата ќе ги објави на интернет. Скопјанката му дала 300 евра, но тој не се откажувал. Не можејќи да го издржи притисокот, крајното решение и било да го пријави случајот во полиција. 

 

 

 

22.05.2017 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега