ВМРО-ДПМНЕ: Правото и правдата се на наша страна, а Заев и Јанева еден ден ќе се срамат и ќе сносат одговорност за злоупотребите

СДС не може да се помири со фактот што токму во време на ВМРО-ДПМНЕ се инвестираше во инфраструктурата како никогаш до сега. Се градат 3 автопати во исто време и уште стотици километри локални и регионални патишта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС ниту во минатото ниту во иднина ќе имаат капацитет барем приближно да реализираат проекти и инвестиции во патната мрежа. Најдобар показател за нивната работа во ова поле е ветениот, а никогаш не реализиран пат од Велес до Прилеп. Вакви големи лаги СДС ветувал и во минатото, ветува и сега. Единствено народот по кои ги памети СДС се лажните ветувања од кои никогаш, па ни сега нема да има реализација и дела, стои во реакцијата.

Со соопштението, се додава во реакцијата, СДС потврдува дека е едно исто со СЈО и дека Катица Јанева е само слуга на Зоран Заев преку кој се манипулира јавноста и се креираат политички случаи.

-Правото и правдата се на страна на ВМРО-ДПМНЕ, а Зоран Заев и Катица Јанева еден ден ќе се срамат и ќе сносат одговорност за злоупотребите. Криминалите на Зоран Заев не застаруваат.

 

 

 

 

22.05.2017 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега