Попоски: Случајот кој СЈО го нарекува „Траекторија„ е базиран на измислени тврдења

Случајот кој СЈО го нарекол „Траекторија“ е уште еден доказ дека се работи за обични извршители на Зоран Заев и СДС и дека е уште еден политички предмет. Целиот случај е базиран на измислени тврдења.

          Првата инсинуација со која се обидува да се креира случај е дека во целиот случај наводно била предизвикана материјална штета од 155 милиони евра. Штета не постои, целта на ваквата комуникација е да се привлече вниманието на јавноста. Се работи за капитален проект од кој имаат корист сите граѓани на Република Македонија.

          Втората инсинуација која денеска е изнесена за овој предмет од страна на СЈО е дека не бил применет законот за Јавни набавки, во овој случај фактите велат дека Собранието уште во 2013-та година донесе закон за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци - Штип и патната делница Кичево - Охрид, врз основа на законот за ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на НР Кина. Овој закон за реализација на конкретниот проект како посебен ја исклучува примената на законот за Јавни набавки. За овој закон би нагласиле дека расправаа и гласаа и пратеници на СДС и пратениците на ДУИ.

          Третата инсинуација во денешниот настап на СЈО е дека се преговарало со само една компанија и не била избрана најниската понуда. Вистината е следна, склучени се меморандуми со две компании и тоа: China International Water and Electric Corpоration (CWE) и Sinohydro Corporation Limited. Двете компании доставиле свои понуди и во 2013-та година е одбрана најниската понуда.

 

          Би повториле дека се работи за политичка мотивација и истото ќе биде докажано во натамошната постапка.

 

 

 

22.05.2017 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега