(ВИДЕО) Трамп и светските лидери како магионичари – Ја држеа светлечката топка, а тогаш се случи чудо

За време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија, забележана е необична сцена која предизвика многубројни реакции на социјалните мрежи, а тоа е моментот кога Трамп заедно со египетските и саудиските колеги, ги положи рацете на светлечката кугла.

Таа слика, снимена е во Глобалниот центар за борба против екстреминистичката идеологија во Саудиска Арабија и многумина ги потсети на кадар од некој научно фантастичниот филм, а можеби и хорор, пренесе денеска „Си-Ен-Би-Си“

 

Foto: Tanjug/AP

Во оквирот на церемонијата на отворањето на тој центар, Трамп, саудискиот крал Салман и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, ги поставија рацете на светлечката кугла – минијатурна Земјена кугла, а набрзо потоа на Твитер и Фејсбук се појавија коментари во кој тие се споредуваат со „магионичари околу волшебната кугла“, додека некои се сетија на сцената од „Господар на прстените“.

Но, некои од корисниците на социјалните мрежи анализираа дека сепак овој детал низ значење на куглата која претставува Земјена кугла, алудирајќи на нов пакт кои има намера да завладее со светот. Многумина оваа слика ја гледаа како момент кога била избрана група на светски лидери кои ја превземаат контролата над планетата.

Foto: Tanjug/AP

 

Погледнете го видеото:

 
 

 

 

22.05.2017 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега