Поранешниот ватерполист оди во затвор поради силување на куќната помошничка

Поранешниот ватерполист Милјан Чоловиќ е осуден од страна на Високиот суд на три години затвор за силување на домашната помошничка Л.Р.

Но, тој е ослободен за друг случај, обид за силување на М.М. од Бањичка шума во 2014 година.

Неговиот адвокат Драган Палибрк, изјави за Танјуг, дека сигурно ќе се жали на осидутелниот дел од пресудата затоа што смета дека не е заснована на ниту еден материјален доказ, туку само на искази на оштетената, а што за одбраната е неприфатливо.

Во првата пресуда Чоловиќ бил осуден на иста казна затвор, но таа одлука минатата година ја укинал Апелациониот суд и наложил повторување на судењето.

Чоловиќ од октомври 2016 година е во домашен притвор, додека пред тоа во притвор беше од страна на Окружниот затвор 22 месеци.

 

 

 

22.05.2017 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега