Заев утре ги почнува разговорите за поделба на ресорите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред средбата со Зијадин Села, изјави дека утре  ќе почнат подетално да разговараат за поделба на ресорите.

Заев изјавува дека се труди што поскоро да се достави предлог до Собранието за составот на Владата најпрво во интерес на граѓаните, а потоа и поради обврските кон Брисел.

Инаку, Зијадин Села денеска прв пат се појави во јавноста по инцидентите од Собранието на 27. април годинава.

 

 

 

 

 

22.05.2017 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега