Евакуирана зградата на коалиционите партнери на Меркел - се одвива драма

Германската полиција го евакуираше главното седиште на СПД во Берлин откако сомнителен пакет е пронајден во просторијата за прием на пошта, соопшти портпаролот на партијата, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека сите вработени морале да ја напуштат зградата, вклучувајќи ги и високите функционери на СПД кои тука одржувале неделен состанок за програмата на партијата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 септември.

Ројтерс потсетува дека во март оваа година, германските власти пресретнале пакет во кој се наоѓала книга со сокриен експлозив, адресирана на министерот за финансии Волфганг Шојбле, член на ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.

Одговорност за тогашниот инцидент презеде грчка екстремнодесничарска организација.

СПД е партнер во коалицијата на владата на Меркел.

 

 

 

22.05.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега