Момче оставило проштално писмо пред самоубиство- овие зборови ги напишало

Смртта на Џ.С. од Ниш, кој се убил со пиштолот на татко му и тоа само пет дена пред неговиот 17. роденден, уште ја тресе Србија, а во јавноста испливале нови детали од трагедијата.

Според неофицијалните информации, момчето оставило дури три проштални писма, за родителите, девојките и другарите од одделението, што укажува на тоа дека самоубиството било испланирано.

-„Драги мои родители, јас сум лош човек и не заслужувам да живеам. Не се обвинувајте себеси.“- со овие зборови Џ. им се обратил на родителите.

Другарите на несреќното момче се уште со неверување зборуваат за трагедијата, бидејќи никому од нив не му било јасно зошто момчето го сторило тоа.

Џ.С. извршил самоубиство во саботата попладне во семејната куќа. Телото го пронашол неговиот чичко кој во моментот на несреќата бил во подрумот, а и покрај трудот на докторите, момчето починало во болница.

 

 

 

22.05.2017 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега