Неверојатна судбина на инспекторот кој работел на случајот со Јелена- еве што му се случило

Истрагата против Тодор Дошен, инспекторот кој работел на случајот на убиството на Јелена Марјановиќ, за кражба на пари од дилер кој го уапсил, доаѓа до крај, но оштетениот дилер исчезнал.

Како што објаснуваат од белградскиот Основен суд, против Дошен е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба.

Истрагата е во последна фаза, а се предвидува сослушување на уште двајца навистина важни сведоци.

Според неофицијални информации, Дошен го уапсил дилерот, а по апсењето му запленил 20 евра и 40.000 динари, три мобилни телефони, како доказни материјали.

Дошен меѓу колегите и криминалците е познат како Тоша, во 2011 бил награден како најдобар белградски полицаец.

Во јавноста станал познат откако работел на случајот за убиството на пејачката Јелена.

 

 

 

22.05.2017 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега