„Мојот син го погребав во бел ковчег, со бел крст“- исповед на мајката на фудбалерот кој се обеси

Насилниците Саво Павловиќ и Предраг Милошевиќ скоро 4 години по претепувањето на фудбалерот Драган Милошевиќ, се наоѓаат на слобода. Обвинението против нив е покренато дури во јули 2016 години, иако инцидентот се случил во 2013 година. Драгана Јовичевиќ,, мајка на несреќното момче ги изнела сомнежите дека нејзиниот син кренал рака на себе токму поради нивното малтретирање.

-„Чекав пред судницата, а тие излегоа и почнаа да ми се закануваат. За тоа веднаш ги известив судиите, кои ми рекоа да повикам полиција. Тоа и го направив, но тие веќе без излезени, а службениците не можеа да ги најдат.“- вели Драгана и додава дека причина за закана било тоа што нејзиниот син поднел кривична пријава.

Таа изјавила дека нејзиниот син по нападот бил лечен во психијатриска болница. Психијатрите установиле страшен стрес, кој настанал како последица на тепачка. 

-„Мојот син го закопав во бел ко0вчег, со бел крст. Знам дека Драган замина на подобро и поубаво место, а тие се на слобода.“- низ солзи очајува мајката.

 

 

 

22.05.2017 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега