ВИДЕО: Двајца скопјани си одгледувале 540 стебла марихуана - еве што начека МВР во Малина Маала

Министерството за внатрешни работи реализира случај на недозволено производство на наркотична дрога марихуана, при што откриени и запленети се вкупно 540 стебла од растението ,,канабис сатива“. По преземени соодветни мерки и активности во атарот на селото Малина Маала откриен е насад со површина од околу 80 м2 на кој имало засадено 540 стебла од растението „канабис сатива“. Полицијата го пронашла и цревото со кое се вршело наводнување на насадот.

Во четвртокот, околу 16 часот, на лице место забележани  се две лица, од кои едното  Ј. Е. (16) од скопско Арачиново, кое веднаш е лишено од слобода, додека другото лице Р.Б. (26) од скопско Брест, успеало да побегне. Полицијата презема мерки за негово пронаоѓање. Пронајдените стебла од растението „канабис сатива“ се предадени на вештачење.

По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против лицата Ј. Е. и Р.Б. поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

Погледнете го видеото од акцијата