Скопјанец пронајден мртов покрај клупа во Берово
Вчера попладне околу 16 часот и 30 минути во кругот на еден хотелот покрај Беровско Езеро, 82- годишен А.К. од Скопје бил пронајден паднат на земја покрај импровизирана клупа од страна на А.Л. од Берово.
Лекар од Итна медицинска помош Берово констатирал природна смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Берово.
По Наредба на Јавен обвинител телото ќе биде пренесено во ПВЈТ „Вечен Дом“.
21.05.2017 - 13:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа