Драма во Виница: Грабнал 17- годишна девојка од дома обидувајќи се да ја силува

Вчера во 10 часот и 20 минути во полициската станица во Виница, 37- годишен О.Д. од Виница пријавил дека на 19.05.2017 година околу 13.00 часот позади дворот на неговата куќа дошол Т.С. (21) од Виница, кој почнал да изјавува љубов на неговата 17-годишна ќерка.

Откако му рекла дека не го сака Т.С.  ја земал во раце и пеш ја однел во близина на Метеоролошката станица во Виница, која се наоѓа на околу 100 метри од куќата. Т.С., на наведеното место, се обидел да изврши обљуба над девојчето.

Ја држел до 07 часот и 30 минути на 20.05.2017 година, по што ја предал на неговиот брат, кој пак ја вратил кај нејзините родители.

Малолетничката била однесена во ЈЗУ-Виница каде било утврдено дека над истата не е извршена обљуба.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.05.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега