Додовски: Потребни се нови предвремени парламентарни избори на кои народот ќе знае за што гласа
Со одржување на парламентарни избори заедно со локалните, граѓаните на Република Македонија ќе имаат можност да го искажат своето мислење за политиката на централно и локално ниво, без затскриени докумени, идеи или платформи, изјави Марјан Додовски, советник на Град Скопје во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.
-Македонија веќе 3 години е во политичка криза и реалниот модел за излез од кризата е одржување на парламентарни избори. Предлогот локалните избори да бидат на 15-ти октомври на некој начин се поклопува со целото барање на ВМРО-ДПМНЕ, истовремено да се одржат и парламентарни избори. Лично сметам дека со тоа граѓаните ќе имаат подеднаква можност да го кажат своето мислење како за политиката на централно, така и за политиката на локално ниво и по тие заеднички избори Македонија ќе може да се движи во насока што ќе ја одредат граѓаните на Република Македонија – без задскриени документи, идеи, платформи. Граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за оној политички субјект што сметаат дека ќе ги презентира најдобро нивните ставови, изјави Дододвски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа