Аркан требало да биде убиен пред Цеца и децата - досега неоткриени детали

Жељко Ражнатовиќ Аркан години по неговата смрт и понатаму крева голема прашана и е мета на интерес. Според најновите вести во српските медиуми, Аркан требало да биде убиен и порано, и тоа пред очите на Цеца и малите деца, Вељко и Анастасија.

Пред да биде убиен Аркан на 15. јануари 2000 година, имало уште два обида за негово убиство. Тоа за српскиот Курир го открива Михајло Улемек кој вели дека еднаш додека Аркан држел кафуле, настанал хаос. Црно БМВ тргнало кон локалот и сакало да го усмрти Аркан и присутните. Сепак, излетало обезбедувањето и спречило трагедија.

Исто така, во вториот обид, Аркан требало да биде убиен пред очите на Цеца и децата, кои тогаш беа малолетни. Напаѓачите го чекале со затемнет автомобил, да го застрелаат пред семејството, но било спречено. За него како обезбедување работеле неговите војници.

 

 

 

18.05.2017 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега