Невидена сообраќајка- автомобилот преполовен, се е скршено, а еве што е со возачите

Цо САД на автопат во Калифорнија се случила страшна сообраќајна несреќа, во која џип буквално преполовил автомобил во кој удрил, но иако штетата е огромна, двата возачи поминале со лесни повреди.

Кевин Фенти, возачот на џипот од марката „Тојота“ возејќи на автопатот ги преминал двете полни линии на автопатот и удрил во Апол Лансанг, која била во својот автомобил „Импала“. За среќа ја погодил страната каде што се наоѓа совозачкото седиште. Ударот бил толку силен што импалата буквално била преполовена. Верувале или не, жената останала да седи зад воланот, потполно шокирана, а возачот на тојотата излетал од автомобилот, но нема тешки повреди.

 

 

 

18.05.2017 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега