Кражба во Делчево- го нападнал и му го украл новчаникот, а еве колку пари имал внатре

Полициската станица во Делчево поднесе кривична пријава против 35- годишниот З.С. од М.Каменица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

На  16.04.2017 година  околу 01.00 часот во  М.Каменица, на паркинг пријавениот извршил  разбојништво над 49- годишниот С.М. од с.Моштица, на тој начин што со употреба на физичка сила  успеал да му го одземе новачникот во кој имало  13.000 денари во различни апоени  и лични документи, а потоа се упатил кон својот автомобил кој бил паркиран во непосредна близина, го стартувал и заминал во непознат правец. 

 

 

 

18.05.2017 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега