Грабеж во Скопје- го сопреле среде улица и му го пребарале цел автомобил

Рано утринава во 03,00 часот во полициската станица во  Скопје, 19- годишниот И.А. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01часот и  20 минути на уллица „Благоја Стефковски“, од страна на три непознати лица му било извршено разбојништво на тој начин што додека се движел со возило лицата го стопирале, му побарале пари, а потоа извршиле пребарување на возилото при што во предната лева врата пронашле и одзеле платнена папка во која имало 40.000 денари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

18.05.2017 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега