Со јајце нападната косовската амбасадорка во САД

Косовската амбасадорка во САД Влора Читаку на настан во американскиот град Денвер била нападната од страна на албанска активистка, припадник на косовското радикално движење „Самоопределување“, пренесуваат регионалните медиуми.

Инцидентот се случил за време на предавање на тамошниот универзитет. Читаку на својот Facebook профил напишала дека била нападната во присуство на поранешниот американски дипломат Кристофер Хил, кој посредуваше во регионот за време на судирите во 90-тите години.

Нападот се случил откако активистката Влерта Вдили поставила прашање за смртта на Астрит Дехари, притоа правејќи низа обвинувања на сметка на Читаку и кон неа фрлила со јајце.

 

 

 

 

18.05.2017 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега